Во паркот кај хотел „Јадран“ на само неколку метри од порта Македонија и Плоштадот ќе се гради зграда со приземје, 5 ката и поткровје. Ова е последната зелена површина останата во овој дел од Мал ринг, која сега ќе се бетонизира пренесува СДК.мк.
Општина Центар на 2 ноември неколку дена пред да замине од функција ексградоначалникот Саша Богдановиќ преку информатичкиот систем е-одобрение за градба издава дозвола за градба на фирмата „Сколимекс“. Во решението испратено до жителите на соседните згради стои доколку во рок од 15 дена не се поднесе жалба дозволата за градба станува правосилна.
Од кабинетот на градоначалникот Горан Герасимовски велат дека дозволата е издадена од неговиот претходник Саша Богдановиќ, а градоначалникот од понеделник на прес-конференција ќе ја извести јавноста за сите почнати постапки за добивање градежни дозволи.
Ексградоначалникот Саша Богдановиќ вели дека тој не потпишал никаква дозвола односно дека таа се потпишува откако решението ќе стане правосилно, а додека тој бил на функција процесот бил почнат и се одвивал преку електронскиот систем.
Линк до целиот текст.





