„Претседателот на општина Тетово Касам Билали извести дека имаат направено план за намалување на постојниот долг на општина Тетово, кој во моментов изнесува околу 24 милиони евра. Тој нагласи дека пред надлежните органи ќе се бара одговорност за оние лица, кои го злоупотребиле буџетот на општина Тетово и кои го создале овој долг.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.
„Порталб“ пишува: „Касами истакнува: ‘Компаниите, на кои им должиме најголем дел од долгот, изразија подготвеност да и простат на општина Тетово дел од долгот. Деновиве ќе пред медиумите ќе потпишам договор со компаниите, на кои ние, како општина, ќе преземеме обврска да им го платиме долгот во идниот период. Тие, како што сме се спогодиле претходно, ќе простат еден дел од долговните побарувања кон општина Тетово. Со тоа верувам дека осетно ќе се намали нашиот долг.“
„Тој потврди дека ќе бараат одговорност за овој долг во обвинителството, додавајќи дека се во фаза на изготвување документација за секоја констатирана злоупотреба и оти таа документација ќе биде испратена со соодветна процедура пред истражните органи. На прашање кога ќе го сторат тоа, Билали укажува: „Тие процедури се во тек. Постојано ги истражуваме случаите, бидејќи сакаме да имаме целосна документација. И околу долгот сигурно ќе ги разоткриеме злоупотребите.“
„Во разговори сум за формалната постапка за ангажирање странски ревизор, кој ќе изврши целосна финансиска ревизија врз финансиското прашање за изминатиот период. Врз основа на наодите на ревизијата ќе продолжиме да дејствуваме и во иднина.“ – вели Касами за „Порталб“.
Инаку, опозициската Алијанса на Албанците на прес – конференција одржана на 15.октомври 2021 година, за која извести информативниот портал на албански јазик „Топ 24“, ја обвини сега веќе поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи од редовите на ДУИ, оти „плаќала 300 партиски милитанти од ДУИ, кои не работеле“, тврдејќи: „Теута Арифи вршеше измами и малверзации. Само во Општината таа има вработено повеќе од 300 лица со договори на дело, за кои секоја година од општинскиот буџет, што ние, даночните обрзници на Тетово, го полниме, се трошат повеќе од 900 илјади евра!!! Значи, во текот на 8-те години на владеење на Теута Арифи само за договорите на дело се потрошиле повеќе од 7 милиони евра, пари на тетовските даночни обврзници!!!“





