Членот на Спортинг Лисабон и на репрезентацијата на Брегот Слонова Коска Сејду Думбија е веројатно најмалерозниот фудбалер на светот. Тој се обиде со симулација да изнуди пенал, или барем слободен удар на мечот на неговиот тим со Барселона во Лигата на шампионите, а скокот во празно, според лекарските наоди, му донесе принудна пауза од два месеца. Думбија во дадениот момент, во очигледниот обид за симулација освен жолт картон заработил и потешка повреда која ќе го чини отсуство од два месеца од сите турнири.
https://youtu.be/yR7EboRnccc





