Вселенскиот патријарх Вартоломеј е позитивен на коронавирус, а веста беше потврдена во соопштението за медиумите од патријаршијата со седиште во Истанбул,пренесе Еј-би-си њуз.
Вартоломеј (81) има само благи симптоми. Вселенската патријаршија појаснува дека Вартоломеј Први е целосно вакциниран против новиот коронавирус.
Вселенскиот патријарх ги повикува и оние кои се уште не се вакцинирани да го сторат тоа за свое добро и за доброто на општеството.
Тој на верниците кој го слават Божик според Грегоријанскиот календар им го честитачепразникот
Ова е втор здравствен проблем за Вселенскиот патријарх во последните недели. Вартоломеј неодамна беше подложен на операција во Њујорк зада му биде поставен стент.







