Монструозно: Граѓанка бара Момироски и Милосављевиќ да се удават во кофа вода (ФОТО)

Грозоморна реакција на граѓанка на текст во кој претседателот Пендаровски најавува Можно помилување за новинарите на Заспиј ако можеш Горан Момироски и Драган Милосављевиќ за наводно оддавање на државна тајна.



Извесна Тимка Самандова во свој коментар бескрупулозно бара смрт за двајцата новинари на најмонструозен начин.

Смртта за новинарите според Самандова треба да биде во кофа со вода.

МВР и обвинителството во текот на денот не комуницирале со Самандова по јавниот повик за линч врз новинари.

“Море да се удават во кофа вода како во нивно време се удави новинар”, пишува Самандова.

На коментарот на Самандова има 7 реакции од кои 4 лица даваат поддршка за нејзината идеја новинарите да бидат убиени во кофа со вода.

Зошто Самандова и четворицата поддржувачи би сакале да бидат монструозно убиени двајцата новинари не може ни да се претпостави.

Целиот пост со коментарот на Самандова:

https://www.facebook.com/1915590235379059/posts/3150337495237654/