Во пост со наслов “КАРАКАЧАНОВ, СИРЕНИТЕ И ВАМПИРИТЕ… ВО ПРАШАЊЕ СЕ КОРЕНИТЕ!”, кој е илустриран со неколку интересни фотографии лидерот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор ПЕТРОВ ја соголува бугарската позиција кон македонската историја.
“Красимир Каракачанов ќе ни остане во сеќавање како бурлеска од најновата историја на Бугарија, заедно со неговите караѓози во Брисел Ковачки и Џамбаски, после катастрофалните резултати на последните парламентарни избори. Бугарите ги избришаа и Каракачанов и Ковачки и Џамбаски од политичката сцена на Бугарија. Едно време Каракачанов се мајтапеше со Македонците, демек “Исус бил Македонец”… Арно ама, таман помисливме Красимир Каракачанов ја зборува вистината, Исус Христ да ти бил со бугарски корени… Има историчари во Бугарија кои тврдат дека Исус Христ на крстот говорел на бугарски јазик…
Велат и Клеопатра е Бугарка.. .
И Атлантида е прататковина на Бугарите…
Монголија, Кина и Татарстан се веќе позната и апсолвирана прабугарска дестинација…
На современите софиски врховисти во Македонија, им останува да одговорат на прашањето, од кој крај на светот се доселиле во Бугарија со Аспарух и претците, затоа што ја изгубиле честа за Македонци…
Тоа што за Божидар Димитров, идеолог на Красимир Каракачанов, Бугарија е земја на сирените и на вампирите е друга приказна, за ова имаат и артефакти…
Така да, за се’ што Красимир Каракачанов, поранешен “соработник” на службите, се мајтапи со Македонците, не го земајте за сериозно, во прашање е психипатологоја…
Еден ден ќе одговара и за имотот на ВМРО во Бугарија, како го “инкасирал” на името на неговата полициска партија…”, пишува Петров.
Ниту еден од прозваните во Бугарија и Македонија не реагира на пишувањето на Петров.





