Нова влада нема, ама ќе има нови вработувања – распишани огласи за нови кадри, власта тврди дека не се наместени

Новата Влада уште не е избрана, ама затоа таму се спремаат нови вработувања. Единаесет огласи се распишани за примање кадри во Владата во повеќе области, преку Генералниот секретаријат.



Огласите вчера осамнаа на веб страницата на Агенцијата за администрација. Се бараат советници, соработници, референти, а платите се од 33 илјади денари највисоката до 14 и пол илјади денари која е пониска и е предвидена за оние со пониско образование.

Фактор прашале во Владата зошто се потребни сите овие нови вработувања, за кои огласите се распишани во еден ден.

Оттаму тврдат дека имале реална потреба од овие нови приеми, а главната причина за тоа била флуктуација на кадар.

Она што е интересно, во Владата потенцираат дека овие вработувања не се намесетени, и може да се пријави секој кој има интерес за оваа служба.

„Поради флуктуација на кадар, а согласно годишниот план за вработување на секоја институција, Генералниот секретаријат на Влада на Северна Македонија објави оглас за пополнување на работни места за кои постои реална потреба од кадар. На огласот можат да се пријават сите кои сметаат дека ги исполнуваат наведените услови“, се вели во одговорот што Фактор го добиле од Владата.

Линк до целиот текст.