Граѓаните сурово искрени откако Филипче откри дека Заев ги разбрал најзначајните реформи во здравството

Венко Филипче му се заблагодари за соработката на човекот кој му беше шеф во Владата а со кој возеше мотори додека умираа по 40 луѓе дневно од Ковид19.



“Премиерот Зоран Заев беше моторот на промените во зравството и човекот кој ги разбра и поддржа најзначајните здравствени реформи спроведени изминатите четири години. Благодарение на поддршката која ја добивав од него, успеавме за прв пат во историјата речиси двојно да ги покачиме платите на здравствените работници, да обезбедиме квалитетна терапија за лицата со ретки болести, да го прекинеме паралелниот увоз на лекови, да обезбедиме најквалитетни инсулини и да реновираме најголем број на здравствени установи споредено со било кој друг период во минатото. Заедно реализиравме уште низа други проекти од кои придобивки денес имаат нашите граѓани, но и здравствените работници. Му благодарам на соработката, посветеноста и пред се човечноста која ја покажа при определувањето на приоритетите во Владата”, напиша Филипче за Заев.

Но не сите граѓани се согласуваат со овие оценки.

Дел од коментарите на постот се со пофалба за двајцата но дел не се воопшто за објавување.

Некои граѓани им упатуваат и клетви до седмо колено.

Сите коментари на постот

https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2841471699493178/

Ситуацијата за Филипче и Заев е уште подраматична на Твитер