„Говорејќи за прашањето со Бугарија, публицистот Махи Несими вчеравечер во дебатната емисија на ТВ Шења, кажа дека дипломатијата на Македонија е во целосен колапс.“ – објави ТВ „Шења“ на својот интернет – портал.
Оваа телевизија на албански јазик го цитираше Несими, кој, покрај другото, кажа: „Во врска со прашањето со Бугарија Македонија е целосно во ‘аут’. Македонската дипломатија е во целосен колапс. Политичарите на Македонија, без оглед кои се, исфрлаат секој ден различни мислења. Употребуваат речник, кој е неприфатлив за Европската Унија, она што го вели Зоран Заев, она што го вели Бујар Османи, Никола Димитров е, сепак, повнимателен во споредба со нив.“
Инаку, Махи Несими е поранешен македонски амбасадор во Хрватска, политичар и новинар.





