Скандал ја тресе бугарската влада – агенти на тајните служби во кабинетот на Генчовска

Прв скандал во Владата на новиот бугарски премиер Кирил Петков – соработници на тајните служби од времето на комунизмот биле ангажирани од шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска која доаѓа од партијата на Слави Трифонов – Има таков народ. Информацијата предизвика бурни реакции кај нашиот источен сосед, а Петков најави итни мерки со кои би се спречило именувањето на новите советници во кабинетот на Генчова.



Сакам да се заблагодарам и на нашите колеги од „Има таков народ“ и на министерката за надворешни работи дека се преземени брзо мерки и тие луѓе со досиеја кои беа објавени во медиумите, нема да бидат назначени. / Секој министер како што знаете според нашиот коалициски договор, има право да го предложи својот тим, но тогаш ние во коалицискиот тим разговараме и одлучуваме за тие назначувања односно дали нашите барања соодветствуваат со тие луѓе. Во овој случајот, тие нема да бидат именувани,- Кирил Петков – Премиер на Бугарија.

Од петте советници кои требало да станат дел од кабинетот на Генчовска, најзвучно е тоа на поранешниот шеф на бугарската тајна служба Петко Сертов, а покрај него, за шеф на кабинетот на новата бугарска министерка предложен да стане Петјо Петев – долгогодишен соработник на тајната полиција во времето на комунизмот. Сите советници биле на возраст над 60 години со долги кариери во тајните служби. Иако според најавите тие нема да бидат дел од кабинетот на Генчовска, од опозициската ГЕРБ излегоа со обвинувања дека државната безбедност се враќа на голема врата.

Линк до целиот текст.