Путин благодарен на Дедо Мраз што му помогнал да стане претседател

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на Дедо Мраз, што му помогнал да стане претседателн, пренесoa агенции.



Путин првпат стана претседател на новогодишната ноќ во 1999 година, кога првиот пост-советски шеф на руската држава, Борис Елцин, неочекувано поднесе оставка, а Путин, тогашниот премиер, ја презеде функцијата.

„Мојот однос со Дедо Мраз секогаш се развиваше добро“, рече Путин на својата годишна прес-конференција на крајот на годината

„Се надевам дека тој не само што ќе ни подари подароци, туку и ќе ги спроведе проектите на земјата и на секој граѓанин“, додаде рускиот претседател.

Ова беше одговор на Путин на прашање на новинар од Велики Устјуг, град во северозападна Русија, кој станал познат како дом на рускиот Дедо Мраз ​​откако жител тужел дека Дедо Мраз не ги исполнувал неговите желби цели 23 години.

„Се залагам за Дедо Мраз и да го потсетам тужителот дека Дедо Мраз ги исполнува само желбите на момчињата и девојчињата кои биле добри“, рече Путин, додавајќи дека тужителот морал „да го анализира своето однесување“.

Маратонската прес-конференција на Путин со руски и странски новинари траеше речиси четири часа, од сериозни прашања до спектакл, при што некои новинари беа облечени во костуми и креваа знаци за да го привлечат вниманието на претседателот.