„Македонија е сега во ситуација, која е потешка отколку во времето на Груевски.’ – изјави Зијадин Села, лидерот на опозициската Алијанса на Албанците.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА ги пренесува ставовите на Села: „Изборите, било да се локални или парламентарни, секогаш предизвикуваат оставка. Премиерот кажа дека ќе поднесе оставка. Во повеќе случаи даваше јавни ветувања околу оставките, но останува во сеќавањето дека тој не ги одржуваше тие ветувања, така што и опозицијата не веруваше дека тој реално би дал оставка.’ – рече Села.“
„Села изјави дека имал можност да го види Ковачевски во Парламентот кога беше усвојуван буџетот. Му честитал за новата позиција и искажал надеж дека Ковачевски ќе придонесе за демократијата и за излезот од кризата.“
„Сега сме во ситуација, која е потешка отколку во времето на Груевски. Бидејќи, тогаш имавме надеж за промени. Сега имаме полоша ситуација и во судството. ‘Секој ден гледаме и следциме иста логика, само имињата се променија.’ – нагласи Села.“ – објави ИНА.
Весникот на албански јазик „Лајм“ информираше и за другите искажувања на Зијадин Села, кој нагласил: „Од внатрешниот процес Алијансата за Албанците ќе излезе уште посилна.“
„Зборувајќи за реформите во партијата, Села рече дека на 25 декември нејзиното Централно претседателство ќе одржи седница, на која ќе се расправа резултатите на партијата на локалните избори. Едновремено, ќе биде одреден датумот на партискиот конгрес. „Таравари и сите други членови, потпретседателите, заминуваат од раководството на партијата. Во моментот кога Централното претседателство ќе распише конгрес Централното претседателство се распушта. Сите централни органи не функционираат. Ова сакаше да го каже Таравари. Конгресот на Алијансата на Албанците, кој ќе се одржи наесен, ќе одлучи кој ќе биде претседател на партијата, потпретседатели и секретар.“ – изнесе Зијадин Села, претседателот на Алијансата на Албанците“ – извести „Лајм“.





