Иселеник од Македонија загина во несреќа при работа, во саботата во провинцијата Пјаченца во Северна Италија.



Трагедијата длабоко го потресе селото Сончино каде што во раните попладневни часови животот го загуби Златко Георгиев (52) авто-превозник, згмечен од портата на фармата каде што дошол да достави храна.

Македонецот, кој работел за фирмата ГИ.МА. од  Фиоренцула д’Арда, каде живеел со семејството, починал на самото место на несреќата, иако веднаш стигнала екипа на итната помош.

Георгиев со години доставувал сточна храна за фармите во Пјаченца и Кремонезе, па така важел за доверлив соработник на компанијата „Лингиарди“ , во која немало персонал и била затворена кога се случила несреќата. Поради тоа не било прв пат Георгиев да ја отвора портата и ја знаел процедурата.

Но, нешто тргнало наопаку. Според истражителите, несреќата може да се должи на огромен број фактори кои допрва треба да се испитаат. Не е исклучено дека големата влажност, па дури и земјотресите ја поткопале отпорноста и структурата на портата, па таа попуштила и го згмечила возачот. 24 Инфо