Апелација одлучи да ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра од Мијалков и да му одреди мерки на претпазливост, наместо притвор во Истражниот затвор во Скопје, каде што е во врска со случајот „Трезор“



Но од Кривичен Кривичниот Совет на Основниот кривичен суд вечерва донесе одлука на Сашо Мијалков да му се одреди притвор од 30 дена за предметот познат во јавноста „Плацеви на Водно“.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.