Уште 15 жртви на коронавирусот, нови 320 случаи

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица од последиви на коронавирус: 3 починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г),  и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.



Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година.

Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 42г до 85г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови.

Министерството за здравство информирадека во последните 24 часа биле направени 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19.