„Кога јас би бил на местото на министерот за правда Бојан Маричиќ, тогаш без да размислувам би ги отстранил од списокот оние имиња кои се спорни и кои не ги исполнуваат условите за помилување, но би им дозволил на другите лица на списокот да бидат помилувани.
Зошто само поради тројца спорни осуденици да трпат 45 други затвореници кои го заслужиле помилувањето, прашува поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.
„Но, во овој наш нефункционален правен систем, секој си прави и си толкува онака како што нему му одговара. Инаку, групните помилувања за Нова година и за Илинден се традиционални, но тоа не значи дека е задолжително да се спроведат. Но, кога веќе затворските управи ги креирале списоците со затвореници, тоа значи дека тие затвореници го поминале филтерот и го заслужиле помилувањето.
Сметам дека не е во ред да им биде ускратено правото на слобода само затоа што министерот за правда подлегнал под силниот притисок на јавноста“,– објаснува Ивановски за Плусинфо.







