Македонската фудбалска селекција, онаа најдобрата, замина и пристигна во Торино каде в петок со Италија го игра мечот број 9 во квалификациите за пласман на Светското првенство 2018. Аѕурите се втори на табелата во групата Г, а ние сме втори одзади, односно претпоследни и со шанси да ја напуштиме таа позиција само ако славиме на Гранде Олимпико ди Торино в петок во 20.45. Во овој циклус ние имаме одиграно осум натпревари, два пати победивме, еднаш ремизиравме и пет пати трпевме порази.



Тимот на селкеторот Игор Ангеловски се надева дека може да постигне добар резултат и да се прикаже во квалитетно издание, особено што формата беше на ниво на последните две претходни средби.

Тие се поквалитетен состав и имаат големи имиња. Но ние не се предаваме пред време. Сме докажале дека можеме да се носиме со големи земји. Ќе ја играме нашата игра за да извлечеме добар резултат“ рече повратникот во составот Ферхан Хасани пред заминувањето.

Италија ја победи Македонија со 3-2 минатиот октомрви и тоа со пресврт и со голови на Чиро Имобиле во 75 и 92 минута.