„Зиртаре.нет“: Судири во Владата – новата Влада е доведена во прашање!

„Претходната седница на Владата беше проследена со судири и поради тоа сè уште нема детално соопштение од владината прес-служба. Се дознава дека полемиката се случила меѓу коалициските партнери, кои одбиле да ги назначат кадрите на Алтернатива пред оставката на Заев и пред формирањето на новата Влада. Но, како што дознава „Zyrtare.net“, едно од барањата на Алтернативата од договорот со Заев било директорите на вториот ешалон да се именуваат пред заминувањето на Заев.“ – јави информативниот портал „ин7“, пренесувајќи ја информацијата на на вториот информативен портал на албански јазик „Зиртаре.нет“.



„И покрај овие полемики од претходната вечер, оваа среда попладне на прес-конференција се појавија двајцата портпароли на Владата, но не кажаа детали дали има предлози за нови именувања. Се дознава дека судирите и неименувањето на кадрите според барање на Алтернатива сериозно го доведуваат во сомнеж создавањето на новата Влада на СДСМ-ДУИ со новиот партнер Алтернатива.“ – извести „Зиртаре.нет“, а пренесе „ин7“.