Шведскиот стартап „Епицентар“ дизајнираше чип кој може да ја игра улогата на ковид сертификат – под кожа.
„Чиповите се многу прилагодлива технологија која може да се користи за различни работи, а во моментов е многу погодно да се има сертификат за ковид кој е секогаш достапен“, рече директорот на „Епицентар“, Ханс Сјоблад.
Сјоблад покажа дека микрочипот е со големина на зрно ориз и е вграден под кожата или во раката помеѓу палецот и показалецот.
Чиповите се користат од вработените во Епицентар од 2015 година.
Тие го олеснуваат отворањето на вратите, купувањето итн. Нив повеќе не им требаат посебни легитимации на работното место.






