Нема жртви и повредени лица откако синоќа во движење се запали „мерцедесот“ на претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија Ѓорги Манасков на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север.
Мерцедесот” почнал да чади додека се движел, па другите возачи му сигнализирале дека нешто не е во ред, дознава Фокус неофицијално од извори во МВР.
Манасков во возилото бил со сопатник и никој не бил повреден, објави тој на својот фејсбук-профил.
Од Стопанската комора инфомираат дека брзата интервентна полиција која била во близина и противпожарната екипа веднаш реагирале, но не успеаа да го изгаснат возилото „мерцедес С200“, кое изгорело за неполни 3 минути.








