Бугарија против распоредување сили на НАТО во земјата како одговор на Русија

Министерот за одбрана на Бугарија, Стефан Јанев, не се согласува дека на територијата на неговата земја е потребно да се распоредат дополнителни сили на НАТО како одговор на Русија.



„Таквите разговори и пристапи можат потенцијално да доведат до несакана ескалација на напнатоста во регионот. Во оваа фаза нема причина процесите што ги гледаме да се сметаат за директна закана за Алијансата и за релевантната зона на безбедност. Во таа смисла не сметам дека настанала ситуација која би можела да го аргументира потенцијалното решение врзано за распоредување дополнителни сили на нашата територија. Таква одлука не е во согланост со ни со интересите на сојузниците, ниту со националните интереси на Република Бугарија“, изјави Јанев.

Предлогот за зголемување на контингентот на Алијансата во Романија и во Бугарија дојде од шефот на Здружените сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Тод Волтерс.