Министерството за правда одлучи оваа година да не проследи предлог за новогодишни групни помилувања.
Листата, на која се најдоа лица за кои имаше големи реакции во јавноста , но и кај дел од политичките партии, целосно се поништува.
Во Министерството за правда постои работна група која работи на составување на нов предлог-закон за помилување, со кој ќе се зацврснат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван.
„ Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем“, соопштија од Министерството.






