„Новинарот и аналитичар од Скопје Арбен Раткоцери упати критики кон новите иницијативи за создавање помали партии, поради кои губи на тежина опозицискиот глас.“ – извести информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА ја пренесува објавата на Раткоцери:
„Се најавува формирање нова албанска политичка партија во Македонија. Кој, по ѓаволите, сега и неколку години го поттикнува формирањето на овие минорни партии само за да го дроби уште повеќе албанскиот опозициски глас, како и да ги согорува големите идеи со мали луѓе?!“
Инаку, д-р Ѓула Челику, професорката по политички науки и меѓународни односи на државниот Универзитет во Тетово, вчера се огласи во јавноста со најавата за формирањето на новата опозициска партија во албанскиот политички кампус во Македонија: „Ние, една група на интелектуалци, приоритетно експерти за политички науки, а потоа и од секоја професија во секоја потребна област, се организиравме и одлучивме да конституираме ново движење, Европско граѓанско движење, како потреба на времето, потпирајќи се врз реализирани анкети, консултации со наши сограѓани и со личности од меѓународната заедница. Програмата на нашето движење ќе биде реализирана од меѓународни и домашни професори, но нејзината суштина ќе биде барањето рамноправност и мултиетничност. Нови, неполитизирани и позитивни лица со душа ќе биде структурата на нашето движење.“
Кон оваа објава Челику ја истакна, покрај другото, и сопствената „опозициска настроеност, поради желбата да да падне режимот.“





