„Ние, група на интелектуалци, приоритетно експерти за политички науки, а потоа и од секоја професија во секоја потребна област, се организиравме и одлучивме да конституираме ново движење, Европско граѓанско движење, како потреба на времето. Се потпираме врз реализирани анкети, консултации со наши сограѓани и со личности од меѓународната заедница.“ – оваа објава на д-р Ѓула Челику, професорка по политички науки и меѓународни односи на државниот Универзитет во Тетово, ја пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА во својата информација со наслов „Ново политичко движење во албанскиот кампус во Македонија“.
Информирајќи ја јавноста за основањето на новиот албански политички субјект во Македонија, Челику пишува: „Сум протестирала колупати било потребно. Сум била опозициски настроена, бидејќи сум сакала да падне режимот… Душата ми плаче поради невините затвореници – Албанци… Со душа и со срце се организирав, заради пописот на населението, но и запрев кога разбрав за манипулациите, бидејќи не би сакала никого да разочарам. За тетовската трагедија не сум запрела ниеден момент да барам отчет и одговорност, но мојата душа е црна и поради трагедијата во Бугарија.“
„Програмата на нашето движење ќе биде програма реализирана од меѓународни и домашни професори, но нејзината суштина ќе биде барањето рамноправност и мултиетничност. Нови, неполитизирани и позитивни лица со душа ќе биде структурата на нашето движење: Европско граѓанско движење“ – вели професорката Челику.





