Грција ќе го продолжи граничниот ѕид против мигрантите, бара помош од ЕУ

Грција соопшти дека ќе го обнови барањето за средства од Европската унија во 2022 година за продолжување на „ѕидот“ на границата со Турција и вети дека ќе ја прошири мрежа за надзор чија цел е да ги спречи илегалните мигранти да влегуваат во земјата, објави АП.



Грчката влада ја заостри миграциската политика на земјата и неодамна го заврши продолжувањето на челичниот граничен ѕид од 26, на 38 километри.

„Ние веруваме дека безбедноста на нашите сопствени граници е поврзана со безбедноста на ЕУ“, рече министерот за јавен ред Такис ​​Теодорикакос.

Контролен центар кој ги обработува податоците од новоизградените кули за граничен надзор, опремен со камери со долг дострел и повеќе сензори, треба да започне со работа на почетокот на 2022 година, рече тој.

Досега, ѕидот и мрежата за откривање помогнаа да се спречат повеќе од 143.000 обиди за илегално преминување на грчко-турската копнена граница, во првите 8 месеци од оваа година.