Како уште дише оваа земја, не ми е јасно, коментира ниовинарот Бранко Героски, откако се дозна дека во Македонија има и Агенција за управување со одземен имот (ДАУОИ), за која плаќаат граѓаните.

Повод за објавата на Героски се пресот за најавената продажа на АД „Славија“и реакцијата од страна на директорот ја ДАУОИ, Фатон Асани, кој го повика лидерот на опозициската партија , Христијан Мицкоски, да учествува на лицитацијата закажана на два дена пред Нова година.
Директорот Асани неколку пати потенцираше дека се продаваат акции на АД „Славија“, а не имот како што обвинуваа од опозициската партија.






