Уште едно откажување за министерско место во владата на Ковачевски (СТАТУС НА ДЕНОТ)

По објавите на Шеќеринска и Царовска со кои најавија дека двете нема да бидат дел од кабинетот на новиот мандатар Димитар Ковачевски, денеска уште една слична објава предизвика реакции на социјалните мрежи.



,,Сакам да ја информирам јавноста дека и јас нема да бидам министер во новата влада!”, напиша на Фејсбук Срѓан Ивановиќ новинар на Плусинфо.

Со својот ироничен коментар духовитиот Ивановиќ укажува на апсурдноста на јавната полемика пред најавената промена во владата каде партијата Алтернатива со 4 пратеници доби повеќе функции од сите други помали партии во коалицијата на СДСМ.

Линк до постот што насмеа многумина:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10224388856246820&id=1167916666