Бојан Маричиќ ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции, потврдува за ТВ 24 висок владин функционер. Освен Маричиќ најверојатно нов вицепремиер ќе има и за борба против корупција, додека Фатмир Битиќи останува потпретседател за економски прашања.
Ротацијата на Маричиќ е само една од промените на ресори за кои според истиот функционер ја планира идниот мандатар Димитар Ковачевски. Во можните ротации се споменува и Љупчо Николовски за во одбрана, иако тоа се уште виси, пренесува ТВ 24.
Нови имиња кои се очекуваат во извршната власт на кои инсистира да превземат поголема одговорност Ковачевски е заменичката претседателка во СДСМ Сања Лукаревска. Извесно е и дека пратеничката фотелја ќе ја напушти и Славјанка Петровска, која изигра една од клучните улоги за СДСМ во техничката Влада лани, како дополнителен министер во МВР.
Сепак се уште не е пресечено дали таа ќе оди во некои од министерствата или ќе добие една од директорските функции во безбедносните агенции. Доколку станува мнистерка во игра се неколку ресори, меѓу кои и правда, како и МВР, во случај Ковачевски да пресече дека Оливер Спасовски освен од партиската функција треба да си замине и од министерската, особено по поразот на неговиот фаворит во Куманово.
Сепак според партксики извори во СДСМ за ова Ковачевски се уште не пресекол. Во транспорт и врски се споменува Петре Шилегов, додека првиот избор на Ковачевски за нов човек во образование поранешниот пратеник Игор Ивановски ја одбил понудата.
Тв 24 веќе објави дека нови министри ќе има и во правда, со ротацијата на Маричиќ, култура, а се позивесно е дека од минситерската фотелја ќе се збогува и Јагода Шахпаска. И додека Ковачевски го чекаат уште одлуки, коалициските места во ресорите со кои раководат кадрите на Али Ахмети и Африм Гаши се решени, нема намера да менува никого, освен рокадата на Јетон Шаќири во земјоделство, како и дел од рокадите во заменичките фотелји, поради влегувањето на Алтернатива. И денеска оттаму повторија дека на нивната агенда не се предвремени избори.





