До крајот на идната додина, Косово би можело да аплицира за членство во ЕУ, пишуваат косовски медиуми.
Косовскиот весник „Репортерс“ наведува дека во Приштина очекуваат 2022 година да биде важен чекор за Косово.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово ги исполнило критериумите за аплицирање за членство во ЕУ.
Експертите за евроинтегративниот процес тврдат дека барањето за членство во ЕУ е афирмација на стратешките цели на Косово, но дека добивањето кандидатски статус може да биде условено со напредок во дијалогот Белград-Приштина. Б92






