Алијанса: Функционерите на ДУИ се во Владата, за да ги легитимираат бандитските одлуки на овој режим

„Алијансата на Албанците реагираше во врска со изјавата на заменикот – министер за правда Агим Нухиу околу предлогот на ова министерство за помилување некои затвореници од страна на претседателот на Македонија. Од оваа партија велат дека ‘како и секогаш и сега во последниот скандал со барањето на Министерството за правда, упатено кон претседателот на Македонија, за помилување некои криминалци и убијци на деца, како што се Сеад Кочан и Бобан Илиќ, функционерите на ДУ продолжуваат со кукавичкото сокривање на раката, која мава со каменот’. – објави информативната агенција на албански јазик ИНА, која ја пренесува реакцијата на Алијансата на Албанците:

„Изјавата на заменик – министерот за правда Агим Нухиу, кој постапуваше и со случајот ’27 април’, само докажува дека тој и неговите сопартијци се во Владата само за да ги легитимираат бандитските одлуки на овој режим. Наместо да се оградува, Нухиу треба да уточни дали е кукавица и се крие зад Маричиќ, или е кукла – марионета кого никој не го прашува за ништо во тоа министерство. Во двата случаја тој треба веднаш да замине од таа позиција, бидејќи самиот потврдува дека не е достоен за позицијата, како што никогаш и не бил досега.’ – велат од Алијансата на Албанците.“

ИНА дополнува: „Инаку, Министерството за правда достави листа со имиња на затворени лица, за кои бара делумно, или целосно помилување. За оваа листа заменикот – министер за правда кажа дека не се согласува, додавајќи дека во неа не треба да има спорни имиња. Нагласуваме дека во оваа листа е Бобан Илиќ, убиецот на 4-годишниот Алмир, бизнисменот Сеад Кочан и осудениот за настаните од 27-ми април Александар Василевски – Нинџа.“