А.Д. ЕСМ никогаш во последните триесетина години не бил во понезавидна состојба од сегашната. Лани компанијата заврши со долг од околу 20 милиони евра, а годинава за првите девет месеци долгот надминува една милијарда денари.
На последниот тендер на ЕВН за набавка на струја од петти пат ЕСМ понуди нешто над 1,8 милиони мегаватчасови за период од шест месеци (1 јануари – 30 јуни 2022 година). Тие 1,8 милиони мегаватчасови поделени на број на денови и на часови (во период од 6 месеци) изнесуваат 420 мегавати инсталиран капацитет за еден час производство.
Знаете што пишува на веб страната на ЕСМ за нивниот инсталиран капацитет за производство на струја? Вака: РЕК Битола има три блока со инсталиран поединечен капацитет од 233 мегавати што значи РЕК Битола во тотал (теоретски) може да произведе 699 мегавати на час. ТЕЦ Осломеј има 125 мегавати, а ветерниот парк „Богданци“ уште 36 мегавати. Шесте хидроцентрали на ЕСМ: системот „Вруток-Врбен-Равен“, „Тиквеш“, „Света Петка“, „Козјак“, „Шпилје“ и „Глобочица“ имаат 554 мегавати инсталиран капацитет. Сите овие централи за производство на струја топтан заедно (теоретски) во еден час да произведат 1.414 мегавати струја!!! Сега споредете го овој број со 420… Колку преостанува слободно или расложливо? Или би требало да преостанува слободно и расположливо за производство – прашува порталот Фактор во денешната анализа.
Дали некој од претпоставените и надлежните го прашува ова менаџментот на ЕСМ? Каде ви се тие 1.000 мегавати? Или тие 800 мегавати? Зошто МЕПСО и ЕВН треба да ја купуваат струјата потребна за покривање за мрежната загуба по берзански цени ако ЕСМ става во погон само 30 отсто од својот инсталиран капацитет???
Во пракса, до 80 отсто до овој вкупен инсталиран капацитет може да биде ангажиран на електропреносната мрежа. Значи во услови на зима со голема потрошувачка овие капацитети би требало да дадат над 1.100 мегавати на час. Да, доколку има вода и јаглен.
Целата анализа на следниот линк:
https://www.faktor.mk/ima-li-lek-za-bolesta-na-esm-kolku-kje-platime-za-nego





