Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска соопшти дека одлучила да не биде дел од новата влада.
„Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите“, рече Царовска.
Претходно, дека ќе се повлече од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.







