Од шест часот утрово во Грција може да се влезе само со задолжителен негативен ПЦР или рапид тест.
Мерката ваќи за сите патници со наполнети пет години, меѓу кои и оние од Македонија, без разлика дали се вакцинирани или не или дали прележале Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за привремена и вонредна мерка за празничниот период во пресрет на Божиќ и Нова година, а засега, одлуката е со траење до 10 јануари 2022 година.
Негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција.
Дополнително, невакцинираните и оние кои не прележале Ковид-19, а пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Македонија, задолжително ќе бидат тестирани по влезот во Грција, нешто што веќе извесен период се применува.
Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, како што веќе објави МИА, во петокот беше објавена во Службен весник на Грција.







