Нобеловата награда за физика за 2017 година беше доделена оваа година за работа на набљудување на гравитациони бранови, соопштија во Кралската шведска академија на науките во Стокхолм.



Наградените научници Рајнер Вајс, Бари Бериш и Кип Торн водеа проект за забележани гравитациони бранови, кои пред еден век ги предвидел Алберт Ајнштајн. Гравитационите бранови се многу благи потреси во просторот и времето предизвикани од екстремни настани во универзумот, како што се судир на црните дупки.


Тројца Американци – Џефри Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл Јанг се добитници на овогодинешната Нобелова награда за медицина. Научниците се наградени поради откритие за работа на биолошкиот часовник на телото. „Откривање на молекуларните механизми со кои се регулира деноноќниот ритам (биолошки ритам на човечкото тело) кој овозможува човечките суштества да се прилагодат на различни периоди од денот и ноќта“ е темата на победничкиот труд соопшти фондацијата.