900 години стар сад од периодот на династијата Сонг беше продаден во Кина за 37,7 милиони долари, што е нов рекорд на цената за кинески порцелан, објави аукциската куќа Сотби.
Порцеланскиот мал сад, со дијаметар 13 см е украсен со зелема-сина глазура која датира од периодот помеѓу 960 и 1127 години и го собори претходниот рекорд постигнат во 2014 година. Чаша за вино од периодот на династијата Минг тогаш е продадена за 36,05 милиони долари.

Аукциската понуда почнала со цена од 10,2 милиони долари. Надавање траело 20 минути пред победничката понуда која била соопштена по телефон. Купувачот на порцеланскиот сад сакаше да остане анонимен, соопшти аукциската куќа.





