ЕСМ доби 15 милиони евра од Влада за да купи мазут

Владата одобри 15 милиони евра да се префрлат на сметката на АД Електрани на Северна Македонија за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.



Ваквата одлука била донесена на владина седница на 14 декември, а сега е објавена детално во Службен весник.

Претходно Владата му префрли 4 милијарди денари, или околу 65 милиони евра на АД ЕСМ за справување со енергетската криза по неколку основи.

Последните 15 милиони евра се одобрени како финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија. Со оваа одлука се одобруваат средства во износ од 930 милиони денари, дознава Фактор.