Алтернатива барала и повеќе од добиеното – Владата прифаќала за да се спаси

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски, во вечерашното гостување на ТВ Телма рече дека неговата партија побарала Законот за региналниот развој да биде ревидиран и да бидат прифатени нивните забелешки и тоа било прифатено.



-Се разбира дека некој кога ќе земе повеќе од она што вреди на политичката сцена и кога ќе добие повеќе од цената се разбира дека ќе се реагира и тука беше нашата забелешка. Генерално како влада се најдовме во позиција да мораме да прифатиме она што го бара Алтернатива, макар што барале повеќе од тоа што го добиле. Ние го изгубивме мнозинството и со овој разнишан рејтинг не беше мудра одлука да се оди на предвремени избори, кои и да дојдеше на власт, не знам што би се променило со ЕУ патот, кажа Милевски.