ДУИ контра предлогот на Мицкоски Гаши да биде премиер

ВМРО -ДПМНЕ за да предложи премиер прво мора да победи на предвремени парламентарни избори.



Вака денеска првиот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го коментираше предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – Африм Гаши да биде премиер на преодната влада што би се формирала за до јуни да се одржат предвремени парламентарни избори.

„Предлогот за претседател на преодната влада доаѓа од редовите на Демократската унија за интеграција, поточно од Али Ахмети. Согласно со договорот, не може ниту една друга партија да предложи премиер, особено не ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи го нема мандатот. Ако ВМРО-ДПМНЕ, во момент кога ќе го добие мандатот на парламентарни избори предложи Албанец за премиер, наместо господинот Мицкоски, ние ќе го поддржиме“рече Груби.

Опозициската Алијанса за Албанците, пак, го поддржува предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ за претседател на техничката влада. Заменик-претседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, рече дека сигурно Мицкоски го видел капацитетот на Африм Гаши, кој може да ги реши сите прашања, рече Азири.