Гаши засега не сака да биде премиер – Алтернатива била во сопствен процес

Му благодариме на господинот Христијан Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и сè уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго. Ваков е ставот на политичката партија Алтернатива откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска го предложи токму Гаши за премиер во преодната влада, пренесе Локално.



– Поради тоа што претседателот Стево Пендаровски бара 61 потпис, тогаш ајде да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши, да биде новиот мандатар на преодната влада, наместо Димитар Ковачевски и да ја реши енергетската и економската криза. Ова да биде до одржувањето на парламентарните избори. Очекувам и ДУИ да го поддржи Гаши за премиер – рече Мицкоски на прес-конференција во седиштето на партијата.