Закрепнува авиосообраќајот

Негативното влијание на КОВИД-19 врз македонските аеродроми што почна во 2020 година, во 2021 беше ублажено со брзиот пораст на патнички сообраќај, откако условите за патување во ЕУ делумно се олеснија со сертификатите за вакцинација



Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиja 1,3 милиони (1.256.263) патници за 11-те месеци од 2021 година, што е зголемување од 71% во однос на истиот период во 2020 година, што укажува на први знаци на закрепнување на патничкиот сообраќај, по негативното влијание на КОВИД-19 врз воздухопловниот сектор. Истовремено, во периодот јануари – ноември 2021 година, на двата македонски аеродрома се опслужени 13.679 летови, што е 63 отсто повеќе во споредба со 2020 година.

„Оваа година ги бележиме првите солидни знаци на закрепнување на патничкиот сообраќај на скопскиот и охридскиот аеродром, по негативното влијание предизвикано од КОВИД-19 врз воздухопловниот сектор уште од почетокот на пандемијата во 2020 година. Позитивниот патувачки тренд, креиран од жедта на луѓето за авионски патувања и нивниот ентузијазам да се вратат на нормалните патувања што ги имаа пред КОВИД-19, особено се почувствува во летните месеци од 2021 година кога привремено беа укинати ограничувањата за патување во ЕУ за носителите на македонски пасоши, а потоа се олеснија со сертификатите за вакцинација како услов за туристички патувања за повеќето земји. Сепак, пред нас има многу предизвици, бидејќи авиосообраќајот и натаму многу ќе зависи од рестрикциите за патување со авион наложени од различни држави, додека аеродромите, патниците и авиокомпаниите ќе се обидуваат да се приспособуваат на честите измени на правилата врз основа на различните национални здравствени политики“, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Целиот текст тука.