Австрискиот парламент одобри легализацијата на потпомогнатото самоубиство. (Евтаназија, смрт од милосдие) од јануари, објави Дојче веле.



Забраната за евтаназија истекува на крајот на оваа година, а според новата законска регулатива таа може да се спроведува само според строги критериуми.

Законот за потпомогнато самоубиство дозволува само за луѓе на возраст над 18 години кои се во терминална фаза или страдаат од трајна, многу тешка состојба.

Секој случај мора да биде оценет од двајца лекари, од кои едниот мора да биде експерт за палијативна медицина. Како дел од нивните обврски, тие мора да утврдат дали пациентот сам избира евтаназија.

За да се осигура дека пациентот (не) сака евтаназија поради привремена криза, мора да поминат најмалку 12 недели пред да му се дозволи пристап до процедурата.

Меѓутоа, кај пациенти кои се во финална фаза на болеста, овој период може да се скрати на две недели.

Лицето треба состави тестамент кај нотар или кај адвокатот на пациентот пред да добие смртоносен лек од фармацевт.

Новата регулатива же стапи на сила откако австрискиот Уставен суд ја укина забраната за потпомогнато самоубиство. Според судиите, тоа го нарушува правото на поединецот на самоопределување.