Бугарскиот интерес мора да се заштити, но и да се надградува со сите можности. Потребни се вистински резултати и вистинска работа. Очекувам дека сите треба да сакаме заедничка железничка линија, сите треба да имаме заеднички бизниси, сите треба да сакаме да имаме заеднички културен календар, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков на тема Македонија во Брисел по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Грдев: Го знам Петков, нема да има пресврт во односите со Македонија
Сите на Балканот се заградивме, сме се поделиле, а толку имаме што да добиеме, додаде Петков и рече дека сака да се сретне со новиот премиер на РСМ по преземањето на функцијата. Премиерот уште еднаш ја истакна важноста од формирање работни групи кои ќе се состануваат секој месец.БГНЕС






