Фирмите добавувачи за германски компании треба да се придржуваат до новиот Закон за добавувачи

Сите македонски компании кои извезуваат во Германија, но и сите наши фирми кои се добавувачи за германските инвеститори што работат овде, од стартот на идната година ќе мора да исполнуваат строги услови, а тие се да работат еколошки, и целосно да ги почитуваат човековите и работничките права, но и други строги стандарди, а во спротивно, ќе ги изгубат нарачките и бизнисот објави ФаКТОР.МК.



Ова е од причина што во Германија е донесен Законот за синџир на добавувачи, кој предвидува дека сите германски компании ќе мора да работат само со добавувачи кои бараат стриктно почитување на овие услови, а во спротивно ќе бидат санкционирани.

За македонските медиуми оваа информација денеска ја откри Патрик Мартенс, првиот човек на Германската стопанска комора во земјава. Тој вели дека од идната година во Германија стапува на сила новиот Грин дил, кон кој ќе мора да се придржуваат сите германски компании.

„Покрај грижата во однос на достапната работна сила, исто така компаниите треба да се фокусираат на она што е на агендата на Европската унија и Германија, а тоа е Грин дил, односно заштита на животната средина. Од први јануари 2022 година, во Германија стапува на сила Законот за добавувачи, каде компаниите кои сакаат да извезуваат во Германија и да бидат добавувачи на германски компании, треба да исполнуваат одредени стандарди, како што се стандарди во однос на почитување на човекови права, работнички права, заштита на животната средина при производството и така натаму. Тука компаниите, посебно локалните компании кои работат за германскиот пазар треба да се подготват за овие предизвици, за да бидат и во иднина конкурентни“, изјави Мартенс.

На прашањето стриктно да посочи дали ова значи и дека македонските компании кои се добавувачи на германските фирми што работат овде ќе треба да ги исполнуваат овие услови, а во спротивно ќе ја изгубат работата, Мартенс со одговор пренесува Фактор.мк.

Линк до целиот текст.