Советот на Општина Дебар усвои предлог-список за нови имиња на улиците, плоштадите, населбите и мостовите, кои во најголем дел се имиња на личности и настани од албанската историја и култура, а владата на седницата одржана на 14 месецов го одобри предлог-списоко.



Ова на Фејсбук го објави дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.

„Владата на Република Северна Македонија го одобри предлог-списокот со имиња на улици во градот Дебар, доставен од Општина Дебар за одобрување. Конечно имаме причина да се радуваме на оваа долгоочекувана и посакувана добра вест. Честитки за сите дебрани и со среќа. На пример, улицата 22 декември сега ќе го носи името Јосиф Багери.