Лидерите на ЕУ се согласија во Брисел да продолжат со економските санкции против Русија, објави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на Твитер.
Според него, одлуката е донесена „едногласно“.
„Ја повикуваме Русија да се придржува до својот дел од договорот и да продолжи кон спроведувањето на договорите од Минск“, соопшти Мишел.
Претходно, европските лидери ја повикаа Русија да преземе чекори за намалување на тензиите околу Украина и за скротување на агресивната реторика. Тие предупредија дека ако Русија ја нападне Украина, тоа ќе има сериозни последици и ќе следат координирани санкции против Москва.






