Американски Ф-15 пристигнуваат во Романија

Со цел да го зајакнат воздушното присуство на НАТО во регионот на Црното Море, аАмерикански борбени авиони Ф-15 пристигнаа денеска во романската воздухопловна база „Михаил Когалничеану“.



Во соопштението на Алијансата се вели дека американските воени пилоти ќе работат рамо до рамо со нивните домаќини и со италијанските „еурофајтери“ за да го заштитат и надгледуваат воздушниот простор на сојузниците.

Заедничките операции ќе се одвиваат од 18 до 22 декември. Се прецизира дека се работи за планирано распоредување на американски авиони, кое заедно со задачите за обезбедување на воздушно присуство, има за цел зајакнување на мултинационалните односи и подобрување на интероперабилноста меѓу сојузниците.

Италијанските E„еурофајтери“, кои во моментов обезбедуваат подобрен систем за воздушна полиција, ќе оперираат од Романија во текот на следните три месеци.

Од 2014 г НАТО спроведува безбедносни мерки за да обезбеди заштита на сојузниците на источното крило.