Косовски заменик министер сепак ќе го посети затворот „Идризово“

По две одбивања од Министерството за правда, на заменик-министерот за правда на Косово, Блерим Салаху, му е одобрено да го посети затворот „Идризово“.



Но, не и да се види со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“ дознава Канал 5.

Управата за извршување на санкции го одби барањето за посета на осудените од заменик министерот за правда на Косово Блерим Салаху. Како причината за одбивањето се наведува дека осудените странски државјани, можат да бидат посетени само од конзуларен претставник но не и од функционер од друга држава.

„Управата за извршување на санкциите смета дека заменикот министер за правда не е конзуларен претставник на својата држава во Македонија, туку е политички претставник на Косово-именуван функционер кој не е истовремено овластен да е конзуларен претставник на Косово за што треба да исполни посебни услови предвидени со меѓународното право.

Косовскиот функционер претходно месецов најави посета на затворениците откако соопшти дека добил дозвола од Министерството за правда, по што следеше демант од македонските власти и посетата беше откажана.

Според веќе донесената пресуда, од 37 лица кои беа обвинети за тероризам, 33 беа осудени на затворски казни… седум лица добија доживотен затвор а останатите 26 казна затвор од 12 до 40 години, додека пак 4 лица добија ослободителна пресуда бидејќи обвинителството не доставило доволно докази.