Успехот му донесе нов мандат на првиот човек на Стопанска Банка АД Битола

По успехот постигнат во минатата година и успешно справување со предизвиците од коронакризата Владимир Ефтимоски е реизбран за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола.



„Врз основа на Одлука од Надзорен одбор и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначен д-р Владимир Ефтимоски, стои во известувањето од Стопанска Банка АД Битола.

Истовремено од банката, известуваат дека за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначена д-р Наташа Несторовска.