Условна за Бугаринот за грдиот коментар по несреќата на автобусот на „Беса транс“

Четири месеци условна затворска казна поради говор на омраза упатен кон „македонската народност и етничка припадност кон македонскиот народ“ окружниот суд во Софија денеска го осуди 34-годишниот С.Б. објавувајќи и фотографија од запалениот автобус на автопатот Струма, во група на социјалните мрежи, соопштија од бугарското обвинителство.



„На 23.11.2021 година околу 11:00 часот во канцеларија во Софија, пријавениот С.Б. ширел омраза кон македонската националност и етничка припадност на македонскиот етнос преку објава во група на социјална мрежа. Кон текстот на објавата обвинетиот додал фотографија од запалениот автобус од трагичната несреќа на автопатот Струма“, гласи соопштението од обвинителството.

Оттаму наведуваат дека за предметот е поведена предистражна постапка за кривично дело од чл. 162, став 1 од Кривичниот законик, пренесува „Слободен печат“.