Најавени јасни докази: Антикорупциска при крај со истрагата за скандалот ,,Кинески вакцини преку Хонг Конг”

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, за Студио 10 на ТВ24 вели дека Антикорупциска истрагата е при крај за скандалот со набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм која ја отвори уште во март.



ДКСК во април кога пратеникот Миле Левков поднесе претставка за неговите сознанија за корупција ја нарече оваа истрага „комплексна“.

Антикорупциска во мај информираше дека добила од Народна банка документ за извршена исплата на седум милиони и 800 илјади долари за увоз на стока кое Министерството за здравство го има исплатено на 15 февруари, а НБ го има реализирано во корист на Стабри Интернешенел од Хонг Конг.

“При крај е предметот за набавката на вакцините, ќе излеземе во јавност со јасни докази”, информираше кусо Ивановска во студиото на ТВ24.

Од Министерството за здравство ја известиле ДКСК дека немаат исплатено аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку на почетокот на оваа година е извршена уплата на пари за гаранција со цел да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот Синофарм од Кина.

Трансферот е направен врз основа на заклучоци од затворена владина седница одржана на 5.февруари.

Парите што биле префрлени на Стабри се вратени назад и нема извршено никаква исплата. Владата потоа склучила договор директно со производителот Синофарм.

Зошто пропадна набавката, кои се фирмите преку кои вршела набавката засега јавноста нема прецизни информации.

https://fb.watch/9WWVJkgiwI/